All for Joomla All for Webmasters

About

Who we are

Детската градинка „Гоце Делчев“ започна со работа во 2009 година и згрижи 80 деца во 4 воспитни групи. Во 2012 година градинката се прошири и згрижуваше 230 деца во 9 воспитни групи. Во 2016 година градинката повторно го зголеми својот капацитет и оттогаш згрижува 370 деца во 16 воспитни групи.

sl2Во воспитната 2016/2017 година детската градинка, воспитно - згрижувачката дејност ја врши во:

- 4 групи деца на возраст 2-3 години - 12 - 20 деца

- 4 групи деца на возраст 3-4 години - 15 - 23 деца

- 4 групи деца на возраст 4-5 години - 18 - 25 деца

- 4 групи деца на возраст 5-6 години - 20 - 28 деца

Површината на дворот на градинката е 6855 m2  кој што е уреден со реквизити. Објектот е со површина од 1679 m2  во кој функционираат 16 занимални, сала за свечености, сопствена кујна, перална и котлара.

Детската градинка располага со 16 воспитни групи и опфаќа вкупно 363 деца.


ОДЛИЧНА ПРОГРАМА

Воспитувачот врз основа на Програмата за рано учење и развој и Стандардите за ран детски развој води Дневник за работа на воспитна група. Воспитната работа се планира и се рализира интегрирано. При планирањето воспитувачот јасно и прецизно ги дефинира целите на воспитната работа и се води според развојните домени, а притоа определува активности со кои најефикасно ќе ги реализира целите. Освен дневникот во педагошка документација спаѓаат и инструментите за вреднување на постигнувањата на децата. Во инструментите се застапени сите стандарди со развојните домени. Вреднувањето се врши два пати годишно во три чекори: прв чекор, напредува и достигнува. Планирањето се рализираше според согласувањата на воспитувачите за потребите и интересот на децата, почитување на детскиот избор и неговото икористење во насока на реализирање на конкретните цели. Во Програмата за рано учење и развој се опфатени следниве домени:

sl3- Физичко здравје и моторен развој

- Социоемоционален развој

- Развој на пристап кон учењето

- Развој на јазикот, описменување и комуникација

- Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Во секој домен се застапени Стандарди за рано учење и развј преку кои се реализираат планираните активности. Застапеноста на Стандардите за рано учење и развој е во зависност од возраста на воспитната група.


Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем

Усвојување на заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење. Едуцирање и воспитување на децата на тема заштита на животната средина како и едуцирање на вработените во градинката и пошироката заедница. Намалување на потрошувачката на електрична енергија, функционално уреден двор според сите еколошки параметри, намалување на потрошувачката на вода и обезбедување на здрави услови за работа и престој во градинката.

Детската градинката Гоце Делчев има највисок статут на еко - градинка со добиоено Зелено знаме во Февруари 2012 година и во Април 2015 година.


РАЗНОВИДНА ХРАНА

- Месечна листа на планирани јадења на ЈОУДГ„Гоце  Делчев“-

Во детската градинка во текот на воспитната година секојдневно се приготвува храна според мени изработено од нутриционист, препорачано од Министерството за труд и социјална политика со намера децата да ги конзумираат сите потребни елементи на исхраната. Храната се подготвува според највисоки стандарди, притоа најмногу внимание се обрнува на хигиената во кујната.


УЧИМЕ И РАСТЕМЕ

Во воспитната 2016/2017 година, нашата градинка ќе ги реализира следниве проекти предложени и одобрени од страна на Министерството за труд и социјална политика:

sl1- Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија

- Градот низ детските очи

- Градина во детската градинка

- Бон тон за деца

- Од дете за дете

- Рециклирање со имагинација

- Семејство и смејени вредности

- Моја хигиена - моја навика

- Спорт и спортски активности

- Традиционални игри

                                                                                    - Здрави животни навики

Во склоп на воспитниот процес се планираат да се рализираат посети во поблиската и подалечната околина.


Факултативни активности

- Изучување на Англиски јазик

- Часови по спорт и танци

 

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

Задачите што се поставени пред детската градинка во текот на воспитната година успешно се реализираат со воспоставување на успешна соработка со родителите на децата. Соработката со родителите се реализира на следниов начин:

- Организирање на групни родителски средби

- Вклучување на родителите во работилници на избрани теми како и во низа активности во градинката со цел подобрување на условите за работа

- Приказ на практични активности по групи

- Отворени денови со родители

Членови на совет на родители: Катерина Симоновска, Венета Бостанџиевска, Јасмина Тодоровска, Христина Стојановска, Катерина Величковска.


ЗА НАС

sl5

 

Детската градинка нуди програми со разновидни едукативни, креативни и игровни активности прилагодени на возраста на детето. Средина во која детето се чувствува сигурно, стекнува знаења за себе и околината, позитивни искуства и знаења кои ќе му помогнат за брза и лесна адаптација во гардинка, но и понатаму во животот. Разновидни прошетки, посети, проекти и манифестации преку кои детето учи и ја осознава околината.

 

 

 

Куќен ред во градинката


- Прием на децата 06:00 - 08:30
- Појадок 08:30 - 09:00
- Слободни игри и активности 09:00 - 09:30
- Задолжително занимање 09:30 - 10:00
- Прва ужина 10:00 - 10:15
- Игри во занималната и на воздух 10:15 - 11:00
- Подготовка за ручек и ручек 11:00 - 12:00
- Подготовка за спиење и спиење 12:00 - 14:00
- Втора ужина и испраќање на децата 14:00 - 18:00

Адреса

 Ул.534 бр.25 н.м. Марино 

Oпштина Илинден 1041 Скопје

Контакт

телефон: 02/2 571-345

мобилен: 078/200-372

Контактирајте не

Работно време

            06:00 - 20:00

             Работно време со деца:

            06:00 - 18:00